in

Вратата наречена „Среќа“…

Ако се прашувате каде ја пронајдете среќата и на која врата да затропате, тогаш вие трагате по тоа.

Кога ќе чукнете на некоја врата и кога прашувате: „Здраво, дали ти можеби си Среќа?“, додека нетрпеливо чекате личноста од другата страна да ви каже нешто, чувствувате дека вашето тело возбудено чека и на крај слушате како другата страна ви вели: „Да, јас сум Среќа.“

Звучи совршено и невозможно. Но, тоа е вистина. Тоа е големата вистина за нашиот престој на оваа земја, ние додека дишеме го бараме она што става насмевка на нашето лице, ни носи мир во душата и огромна љубов во срцето. Но, како да дојдеме до таа врата која ќе ни даде позитивен одговор и пред која образите ќе ни заруменат од возбуда?

Патот понекогаш е тежок, понекогаш е лесен. Сѐ зависи од нас самите, затоа што сите живееме различни животи. Може да биде трновите и магловите, но кој вели дека на крајот сонцето нема да излезе и дека нема да заплачеме од среќа додека велиме: „Зарем ова мене ми се случува?“ Колку и да е тешко, ќе заборавиме на сѐ во моментот кога ќе го преминеме прагот на вратата на Среќата.

Има многу предизвици во животот, многу препреки, но никогаш не се откажувајте од тоа да тропате и да барате, затоа што баш можеби на следниот агол, на следната врата ќе го чуете одговорот: „Да, јас сум Среќата, јас сум тоа што го бараш…“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари