in

(ВИДЕО и ФОТО) Јапонците нудат маски за лице според домашниот миленик

Вкоренето е мнението дека честопати сопствениците и нивните домашни миленици наликуваат едни на другите, а често имаат и исти „фризури“, па од неодамна Јапонците на стопаните им нудат изработка на маски според нивните четириножни галеници.

За една таква маса ќе мора да се издвојат 2.600 американски долари, меѓутоа таа ќе биде многу реалистична, се тврди во понудата.

Сервисот од Кјото смета дека тоа е мала цена во однос на задоволството на сопствениците. Злобниците, пак, додаваат дека станува збор за мала цена во однос на кошмарот кој ќе им го приредат на пријателите.

Сопствениците на милениците едноставно мора да испратат фотографија од своето обожувано животно на електронската пошата на сервисот кој го води Шиндо Рина. Вработените потоа ја изработуваат маската во големина на лицето на сопственикот со вештачко крзно во бојата на миленикот и сите други детали.

Рина вели дека главно добива фотографии на кучиња и мачки, но има и необични барања, како што било она за изработка на маска на орангутан.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари