in

(ВИДЕО) Авторот на Рамбо не сака да има никаква врска со новиот филм

Авторот на оригиналната книга „Прва крв“, Дејвид Морел, е „збунет“ од тоа што неговото име се поврзува со петтото филмско продолжение на холивудската франшиза „Рамбо: Послендата крв“, пренесува Newsweek.

Филмот, кој првпат го спомена актерот Силвестер Сталоне во 2015 година, доби мноштво негативни оцени, вклучително и од самиот Морел. Тој на својот Twitter напиша дека филмот е „глупав“ и истакна дека „многу се срами што неговото име се поврзува со него“.

Дејвид Морел

Писателот во интервјуто за Newsweek вели дека се почувствувал деградирано по гледањето на филмот чијашто светска премиера беше во петокот, и додава дека ова остварување се покажало како „бездупно“.

За режијата вели дека е смешна, а сценографијата ефтина. Според Морел, „Рамбо би можел нареле и Џон Смит, и тоа ништо не би сменило“.

Во текот на сценариото, Силвестер Сталон во почетокот се консултирапе со Морел, но потоа комуникацијата меѓу нив била прекината, а актерот ја доврши работотата со Метју Сирулник познат по „Амнезија“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари