in

Тошиќ не сака да оди на одмор во Дубаи со Јелена! Развод кога ќе стивне аферата?!

Душко Тошиќ сепак не сака да оди на одмор соЈелена Карлеуша во Дубаи иако таков беше првобитниот план! Тој во петок ги пакува куферите и заедно со своите деца Анита и Ник заминува на патувањето кое му е потребно да дојде на себе, да ги избриши мислите и да одлучи каква ќе биде судбината на неговиот брак со пејачката. Развод кога ќе стивне аферата?!

Порно-аферата која ја затекна Карлеуша откако фудбалерот Огнен Врањеш ги објави нејзините порно-слики во јавноста, судејќи по се, тоа ќе ја чини десетгодишниот брак со Душко, а во прилог на тоа оди и податокот дека нема да одат на одмор заедно. Извор близок на парот кажува:

„Иако тој не се огласува, а Јелена пласира приказни дека меѓу нив е се во ред и дека нема збор да тоа дека тие ќе се разведуваат, вистината е потполно поинаква. Душко не сака да помине ниту еден ден со Јелена, ја избегнува и има контакт со неа онолку колку што е потребно поради децата. Одморот во Дубаи го планираа со месеци, тоа на еден начина стана нивна традиција. Сепак, оваа година нема да биде како порано. Тошиќ и кажал на Јелена дека нема да одат заедно и дека со него сака да патуваат само децата. Тој сака да се опорави од сето она што му го приреди сопругата. Јелена ова тешко го поднела и, иако грчевите се борела да го убеди дека заедничкото патување би било добро за зачувувањето на бракот, сепак не успеа да го увери во тоа. Јелена се откажа, а како изговор за тоа што не оди во Дубаи ги искористи настапите кои ги има овој викенд. Таа во петок ќе пее во Виена, а во сабота има концерт во Амстердам“.

Иако Јелена се труди на сите да им докаже дека од развод нема ништо, вистината не е толку убава. Душко нема да поднесе барање за развод додека не стивне аферата и додека не престане да се зборува за прељубата на Јелена и голите фотографии, кажува изворот и додава:

„Неодамна Николета, мајката на Душко, се слушна со него и му кажа дека ќе го поддржи во одлуката за развод. Нејзе најмногу ја погоди срамотата и тоа што цело село зборува за порно-сликите на нејзината снаа. Него уште повеќе го повреди фактот дека итната помош два пати интервенираше поради зголемениот крвен притисок на неговата мајка поради скандалот. Откако се вратија од Кина, мајката на Душко му рекла да му каже на Јелена да ги испрати внуките да ги види, но таа никако да не доаѓа. Кога виде колку е вознемирена неговата мајка, но и останатите членови од семејството, му ветил на мајка му дека ќе започне со бракоразводната парница веднаш што се стивнат медиумите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари