in

ТАКТИЧКИ СМИСЛЕНО: Пет работи кои жените ги прават пред да се впуштат во жесток секс

Секој чекор пред акцијата во кревет е добро испланиран

Спонтан, непланиран секс е една од најдобрите работи во светот, но постојат многу причини зошто е добро однапред да знаете дека ќе влезете во жесток интимен клинч.

Ова особено се однесува за дамите.

Кога знаат „што ги чека“, жените ги прават следниве неколку работи.

1. Туширање и депилација

Речиси не постои жена која особено при секс не сака да биде свежа, чиста и миризлива, без непотребни влакна на своето тело. Кога знаат дека ги очекува бурна ноќ, жените сигурно би ги отстраниле несаканите влакна во бикини зоната и на нозете.

2. Лакирање на ноктите

На мажите ретко им паѓа во очи дали жената има убаво лакирани нокти, но пред секс жените сакаат да се чувствуваат атрактивно и провокативно, па затоа сигурно ќе најдат време да ги лакираат ноктите, барем оние на нозете.

3. Долна облека

Кога знаат дека пред партнерите ќе се слечат како од мајка родени, жените посебно внимание би посветиле и на долната облека со која ќе се појават пред сексуалниот чин. Кога постои можност за секс секоја девојка би ја облекла најпровокативната долна облека што ја поседува.

4. Чаша вино… Можеби две

Жената со задоволство би се напила чаша вино или две пред секс. Дури и ако веќе имала секс со истиот партнер, сепак кај неа постои трема која најдобро се разбива со вино или некој друг алкохолен пијалак.

5. Облека

Жените во секој момент сакаат да се чувствуваат секси, а тоа особено сакаат да го истакнат кога знаат дека ќе завршат во кревет со некој маж. Исто како што размислуваат за долната облека, така тие ќе одберат и некоја провокативна комбинација за одозгора. Спортска маица и фармерки е избор кој дефинитивно би бил најдолу на листата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари