in

Според истражување: Мажите повеќе патат по раскинување

Доколку мислевте дека вие сте секогаш оштетената страна, сепак не е така. Кога е во прашање раскинувањето, мажите потешко го доживуваат од жените- покажа истражување, чиј резултати се објавени на британскиот сајт ,,Singles Elite“.

Испитаниците, во најголем број, признале дека во еден период од нивниот живот патиле поради љубов. Меѓу оние кои раскинувањето го доживеале многу тешко, 25% повеќе се припадници на посилниот пол. Психологот Вибке Небериќ, тоа го објасни на следниот начин: „Најчесто жените ја превземаат иницијативата за раскинување, па тие потоа се изненадат. Мажите исто така имаат тенденција да ги преувеличуваат чувствата. “

Додека трае врската, жените повеќе се трудат околу партнерот и односот, се трудат да ја сочуваат романтиката и страста, внимателни се и посветени.

Мажите пак, од другата страна, престануваат да бидат лежерни дури тогаш кога девојката ги остави.

Потоа стануваат свесни што имале и што прокоцкале, но тогаш е веќе предоцна за поправање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари