in

Совршени години за свадба се …

Oткриено кое е совршено време за фасцинантно “да” ако сакате да останете засекогаш заедно.

Некои велат во раните 20-ти, други во средината на 30-тите години. Станува збор за свадба или момент кога двајца луѓе одлучуваат за заеднички живот за сите останати денови и години. Но, сите пред да одлучиме за овој голем чекор, се прашуваме кога е совршено време да се каже судбоносното “да”?

Истражувачите на Универзитетот во Јута го откриле најдоброто време за тој момент. Врз основа на алгоритми, тие биле во можност да ја пресметаат совршената брачна возраст која гарантира долг и среќен брак.

За студијата, социологот Николас Волфингер ги анализирал податоците од националната студија за раст на семејството.

Двојките кои се во брак на возраст меѓу 28 и 32 години не се растураат толку често колку и помладите или постарите двојки. Како резултат на тоа, јасно е дека стапката на развод се намалува од адолесцентните години до крајот на 20-ите и се зголемува повторно по 32-годишна возраст, за 5 отсто секоја година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари