in

Шарен куглоф со чоколадо и ванила

Потребни состојки:

3 јајца

250 г шеќер

2 кесички ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила

270 мл масло за јадење

370 мл млеко

530 г брашно

2 лажички прашок за печиво прстофат сол

150 г чоколадо за готвење

За чоколадната глазура и декорација:

100 г чоколадо за готвење

60 г путер свежи јагоди свежи киви гранчиња нане

50 г сечкани ореви

Начин на подготовка :

1. Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Во длабок сад искршете ги јајцата и започнете да ги матите со постопено додавање на шеќерот и ванилата. Матете околу 10 минути додека не добиете густа и добро изматена смеса.

3. Полека додајте го маслото за јадење и добро промешајте. Додајте го и млекото.

4. Во сад на страна измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво и прстофат сол. Сувите состојки додајте ги во смесата на неколку пати, матејќи добро помеѓу секое додавање. 5. Откако целата смеса ќе биде добро промешана поделете ја во два сада, така што во едниот ќе има 2/3, а во другиот 1/3 од вкупната смеса. Во садот со 1/3, додајте растопено чоколадо и добро промешајте за да се соедини.

6. Добро премачкајте калап за куглоф и со помош на алатка за сладолед додавајте од двете смеси најизменично за да потоа го формирате ефектот на шарен куглоф.

7. Со помош на долга чепкалка нежно правете движења во смесата.

8. Печете околу 45-55 минути. Ќе знаете дека куглофот е готов кога ќе добие убава златно-кафена боја.

9. Оставете да се излади околу 5 минути во калапот, а потоа нежно извадете го на сталак за торти. Оставете да се излади околу 15-тина минути, а вие за тоа време може да ја подготвиме чоколадната глазура.

10. Во сад на пареа растопете го чоколадото и путерот заедно и добро промешајте додека не добиете убава хомогена смеса. Нанесете ја чоколадната глазура на куглофот и декорирајте со свежо исечкани јагоди, киви, нане и сечкани ореви.

5 Comments

Leave a Reply
  1. Hello would you mind letting me know which webhost you’re using?

    I’ve loaded your blog in 3 different web browsers and I must say this blog loads a lot faster then most.
    Can you suggest a good internet hosting provider at a honest
    price? Cheers, I appreciate it!

  2. I blog quite often and I genuinely appreciate your content.
    This article has truly peaked my interest. I will book mark your
    site and keep checking for new details about once per week.
    I subscribed to your RSS feed too.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари