in

Сексуален биоритам: Погледнете на саат пред да „тргнете во акција“

Сексолозите утврдиле дека еден од најважните фактори е периодот од денот во кој луѓето ќе одлучат да практикуваат односи со партнерот.
Затоа, пред да тргнете во играта на заведување, погледнете на часовникот и видете колкави ви се шансите за што подобро доживување.

6-8 часот наутро

Ако сакате да тргнете во акција од 6 до 8 часот наутро, треба да бидете подготвени на фактот дека нејзиното тело е будно, ама сè уште неподготвено за секс. Нивото на мелатонин е превисоко, а телесната температура не е доволно висока.
Мажите од 6 до 8 часот се многу возбудени, па сексолозите тврдат дека жените во тој период не можат да очекуваат ништо повеќе од секс на брзина.

8-10 часот наутро

Ситуацијата се менува од 8 до 10 часот, кога жената е веќе будна и подготвена. Нивото на ендорфин расте, па не ѝ е потребно многу време да се возбуди. Сепак, мозокот на мажот веќе е насочен кон работата, нивото на тестостерон полека се спушта и се враќа во нормала, па малку потешко е да се заинтересира.

10-12 часот претпладне

Сексолозите наведуваат дека времето меѓу 10 и 12 часот е идеално за орален секс, бидејќи рецепторите за вкус кај жените се мошне изострени. Мажот ова време го поминува во размислување, па во овој период од денот размислува за секс ама нема да направи ништо конкретно за да го оствари.

12-14 часот

Жените од 12 до 14 часот се мошне активни, но таа активност ни малку не е поврзана со сексот, па тешко ќе бидат заинтересирани за такви работи. Мажоте е многу расположен, но тешко дека неговата партнерка во овој период ќе биде заинтересирана да започне нешто.

14-16 часот

Овој период е најдобар за зачнување, па ако сакате да основате семејство, ова е најдобриот тајминг. Женскиот репродуктивен систем во овој период е подготвен за зачнување, додека семето на мажот е најквалитетно околу 16 часот.

16-18 часот

Повеќето жени не можат да водат љубов меѓу 16 и 18 часот, но на некои не им пречи „секс на брзина“, додека мажот е спремен за акција.

18-20 часот

Веќе од 18 часот двата пола ги фокусираат мислите на враќање на енергијата што ја изгубиле во текот на денот, така што мала е веројатноста дека некој од нив двајца не е расположен за секс.

20-22 часот

Сексолозите тврдат дека времето од 20 до 22 часот е идеално за лесна вечера и разменување нежности во кревет. Жената тогаш, по вечерата е полна со емергија и подготвена дури и на иницијатива, додека посилниот пол е расположен за исполнување на желбите на својата партнерка. Машкиот и женскиот пол се на иста „бранова должина“ токму во овој период од денот.

22- до полноќ

После 22 часот телото на жената паѓа во длабок сон. Сексуалноста опаѓа. Мажот во тој период се чувствува поопуштен, иако уште не е поспан.

Од полноќ до 6 часот наутро

Меѓу полноќ и шест ласот скоро не е можно да се оствари подобар однос

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари