in

Познати актерите номинирани за Оскар

Холивудските актерски ѕвезди Леонарди Ди Каприо, Метју Рис, Роберт Патисон и Џонатан Прајс се главните претенденти за најпрестижната филмска награда Оскар за главна машка улога, пренесува порталот Indiewire.

Студиото „Sony“ одлучило да го номинира Леонардо Ди Карпио за Оскарот за главна машка улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) на Квентин Тарантино, а Бред Пит за споредна машка улога. Порталот оценува дека оваа одлука се сосема логична и верува дека во ваквата ситуација Пит, кој толкува лик на дублер, има поголеми шанси да го добие признанието.

Од „Sony“, исто така, за Оскар ги номинирале ѕвдата на телевизискиот серијал „Американците“, Метју Рајс и Том Хенкс за улогите во филмот „Прекрасен ден во соседството“ (A Beautiful Day in the Neighborhood). Првиот за главна машка улога, а вториот во категоријата споредена улога за актери во екранизацијата на сторијата за новинар.

Филмското студио „А24“, исто така ги номинирало своите претенденти: Роберт Патисон, а главна машка улога, и Вилием Дефо за споредна улога во филмот „Светилник“ (The Lighthouse).

Стриминг платформата Netflix ги номинирала актерите кои настапуваат во филмот „Двајцата папи““The Two Popes). Џонатан Прајс, кој досега ниеднаше не е номиниран за Оскар, може да влезе во изборот за главна машка улога толкувајќи го ликот на папата Франциск. Ентони Хопкинс, пак, кој го толкува претходниот поглавар на Римокатоличката црква папата Бенедикт XVI, и кој многу помалку се појавува во филмот, за споредна машка улога.

One Comment

Leave a Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари