in

Познатата актерка откри шокантна тајна: Бев силувана на 15 години, од дома заминав на 16

Холивудската актерка Деми Мур го најави излегувањето на својата книга мемоари на 24 септември, насловена „Inside out“ во големото интервју за магазинот „Харперс базар“.

Во кни­га­та пи­шу­ва за про­пад­на­ти­те бра­ко­ви со Брус Ви­лис и со Еш­тон Ка­чер, за завис­нос­тите… Де­ми на­пи­ша­ла и за тоа де­ка би­ла си­лу­ва­на на 15-го­диш­на воз­раст и де­ка за­ми­на­ла од до­ма са­мо еден ден по 16-ти­от ро­ден­ден, а са­мо две го­ди­ни подоц­на се ома­жила.

Во еден од де­ло­ви­те од кни­га­та збо­ру­ва и за сво­јот тат­ко Дени, со ко­го ја спа­си­ла мај­ка си од обид за са­мо­у­бис­тво, кои низ го­ди­ни­те ги има­ла по­веќе. Наб­р­зо Де­ми Мур дозна­ла и де­ка тој, всушност, не ѝ бил би­о­лош­ки татко.

Во мемоарите таа открива тајна, а тоа е борбата со виновникот поради нејзиниот спонтан абортус и губењето на бебето со Ештон. Признала дека го изгубила бебето во 2005 година во шестиот месец од бременоста кога имала 42 години, а Ештон 27. Тие двајца биле поддршка еден на друг и останале заедно шест години по тој несреќен случај, но сепак, се разделиле во 2011 година.

Во тој период поддршка ѝ биле нејзините ќерки Румер (31), Скаут (28) и Талула (25) која ги добила во бракот со Брус Вилис.

One Comment

Leave a Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари