in

Погодете колку често среќните парови имаат секс

Темата љубов и секс е неисцрпна и секогаш актуелна. Темата на фреквенцијата на сексуален однос постојано предизвикува контроверзии. Колку е доволно за среќа? Колку пати неделно среќните парови имаат секс? Дали сексот е најважното нешто во врската? Една студија покажала дека не е.

Истражувањето се спроведувало дури 40 години и беше објавено во Американскиот весник „Social Psychological and Personality Science“.

Може да бидете изненадени, но резултатите од истражувањето открија дека паровите кои имаат секс еднаш неделно се многу посреќни од оние кои го прават тоа почесто или помалку.

Истражувањето исто така покажа дека сексот носи повеќе задоволство од парите, што значи дека паровите кои имаат редовен секс и мали примања се посреќни од богатите парови кои имаат секс помалку од еднаш неделно.

На крајот, колку често треба да водиме љубов во здрава и успешна врска? Некои ќе се согласат, а некои нема – еднаш неделно, ова е вистинска мерка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари