in

Почина кинеска студентка која пет години се хранеше само со ориз и чили

Кинеска студентка Ви Хуајан којашто во текот на изминатите пет години се хранела исклучиво со варен ориз и маринирани чили пиперки, починала од неухранетост и истоштеност, пишува во вторникот весникот South China Morning Post.

Мајката на девојката од рурална област од провинцијата Гуижу, еден од најсиромашните региони во земјата, починала кога таа имала четири години, а 14 години подоцна починал и таткото. Потоа таа била принудена да се грижи за помладиот брат, кому поради ментали проблеми честопати му била потребна лекарска помош. Притоа неговата сестра добивала месечен додадот од 300 јуани, односно околу 43 американски долари.

И покрај сите тешкотии и грижата за својот брат, девојката успеала да се запише на стручен колеџ добивајќи стипендија од 7.000 јуани за покривање на трошоците при образованието. Иако со братот живееле кај роднини и натаму финансиската ситауција им била многу тешка.

Поради тоа, девојката цели пет години јадела само варен ориз и маринирани чили пипрерки, што довело до целосна исцрпеност на нејзиниот организам и намалување на нејзината телесна тежина на само 22 килограми.

Во октомври минатата година кај студентката биле дијагностицирани и проблеми со срцето и бубрезите, кога била хоспитализирана. Поради тоа, била принудена да се обрати до хуманитарните организации, а нејзината трогателна приказна го привлече вниманието на кинеската јавност. Во интервју дадено тогаш за локалниот весник Chongqing Morning Post, Ву објаснила зошто им се обратила на медиумите за помош откако се разболела.

„Баба ми и татко ми починаа затоа што немаа пари за лекување. Не сакам да го доживеам истото, да ја очекувам смртта поради сиромаштијата“, рече тогаш Ву.

Биле собрани речиси милион јуани, околу 145.000 американски долари, но тоа не било доволно да се спаси нејзиниот живот. Во ноември нејзиното здравје се влошило, и била пренесена во водечката болница во Гујанг, главниот град на провинцијата. Лекарите, сепак, не можеле да помогнат и дваесет и четиригодишната девојка, за жал, почина во понеделникот.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го одреди крајот на годинава како краел рок локалните власти да ја искорената „апсолутната сиромаштија“, терми кој се користи лицата кои преживуваат со помалку од 627 јуани годинишно.

One Comment

Leave a Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари