in

Пет знаци што укажуваат на проблеми со црниот дроб

Ненадејни промени на кожата, чешање или преосетливост, промени во урината и во столицата, промени во кожата, замор, се некои од симптомите што не смеете да ги занемарите

Црниот дроб е најголемата лабораторија во човековиот организам, сместен во стомачната празнина под десниот ребрен лак, заштитен со мускулно-скелетни структури. Крвта доаѓа од два извора, артериска крв и крв од ,,порталниот крвоток“, преку кој крвта од цревата богата со сите добри и лоши состојки што сме ги внеле со храната оди на обработка во црниот дроб. Исто така, овој орган има и богато лимфно снабдување.

Некои луѓе се раѓаат со проблематичен црн дроб, додека на други во текот на животот им се оштетува како резултат на разни хемикалии, вируси или претерано консумирање алкохол. Раните знаци што укажуваат на проблеми со црниот дроб не смеат да се игнорираат, туку потребна е лекарска помош.

Промени на кожата
Еден од најраните знаци што укажуваат на проблеми со црниот дроб се ненадејните промени на кожата. Овие симптоми вклучуваат губиток на нормалната боја на кожата или појава на жолтеникава нијанса на кожата, како и пожолтување на ноктите. Причината за појавата на овие симптоми е фактот дека црниот дроб не исфрла токсини од телото на правилен начин, па билирубинот се таложи под кожата.

Чешање или преосетлива кожа
Раните знаци што укажуваат на проблеми со црниот дроб можат да се појават и во внатрешниот дел на кожата. Тоа значи дека чешањето може повремено да се влошува и кожата да станува сè поосетлива на допир и лесно да се воспалува. Одржувањето на влажноста на кожата со хидратантни кремови на болните регии може да ги ублажи симптомите.

Промени во урината и столицата
Некои луѓе можат да ги забележат симптомите со промената на бојата на урината која станува темна. Најпрвин, секој се сомнева во дехидратација. Но, ако и покрај тоа што сте внеле голема количина на вода во телото урината не е речиси проѕирна, најверојатно, се работи за проблем со црниот дроб. Исто така, промената на бојата на столицата може да укаже на проблеми со црниот дроб. Во вакви ситуации таа може да биде бледа, крвава или со боја на катран.

Промени во стомакот
Грчеви и болки во долниот дел на стомакот, како и појава на гасови и притисок во стомакот можат да бидат еден од раните знакови за нарушување на црниот дроб. Доколку со тек на времето проблемот станува сѐ посериозен, може да се развие ASCITES. Тоа претставува насобирање течност во внатрешноста на желудникот, кое може да биде толку обилно што може да направи притисок на градите и да го оневозможи дишењето.

Замор
Хроничниот замор понекогаш може да биде симптом на проблеми со црниот дроб. Тогаш на телото му е потребен одмор. Доколку чувствувате слабост и замор подолго време заедно со некој од другите знаци, тогаш може да се работи за проблеми со црниот дроб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари