in

Облеката на Оливија Њутн-Џон од филмот „Брилјантин“ продадена за над 400.000 долари

Тесните црни панталони кои австралиската актерка Оливија Њутн-Џон ги носеше во филмот „Брилјантин“ се продадени за 405.700 американски долари, на наддавањето организирано во саботата на Беверли Хилс од аукциската куќа Julien’s Auctions.

Облеката, која го симболизираше пресвртот на ликот кој го толкуваше актерката во мјузиклот од 1978 година од обичната средношколка во сексапилната Сенди беше понудена заедно со 500 предмети од филмот на аукција чија цел беше собирање средства за центарот за лекување заболените од рак на Оливија Њутн-Џон во Австралија.

Озлогласените тесни панталони кои Њутн Џон ги носи додека го пее дуетот „You’re the One That I Want“ заедно со Џон Траволта, биле толку тесни што морало да бидат шиени на неа пред снимањето на сцената и се продадени со искинат патент за двојно повисок износ отколку што се очекуваше. Името на купувачот на панталоните и јакната не е објавено.

На аукцијата се собрани 2,4 милиони долари, а повеќето предмети се продадени за многу повисока сума отколку што првично беа проценети, објави аукциската куќа.

Постерот „Брилјантин“ со потписите на Оливија Њутн-Џон, Џон Траволта и другите актери од флмот, е продаден за 64.000 долари, а се проценуваше дека ќе донесе само 1.000 долари. Розовото чипкасто здолниште кога го носеше главната актерка на премиерата на филмот во Лос Анџелес е продадено за 18.750 долари. Розовата јакна, којашто Њутн-Џон ја добила од другети актери и лицата кои работеле на филмот, е продадена за 50.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното.

Австралиската актерка и пејачка која денес има 71 година, објави на почетокот од годинава дека се бори со ракот на дојката третпат откако првиот пат ѝ беше дијагостициран во 1992 година. По првиот пат помагаше во основањето на „Olivia Newton-John Cancer and Wellness Centr“ во Мелбурн, кој помага на заболените од ракот на дојката во лекувањето.

One Comment

Leave a Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари