in

Никогаш не е доцна да почнете од почеток!!!

Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново.

Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. Вие сте повеќе од тоа. Вие имате сила во себе за поголеми и поубави нешта, само треба да бидете храбри.

Треба да знаете дека секој крај носи поубав почеток. Треба да знаете дека добрите нешта не доаѓаат сами од себе, животот не се менува туку така преку ноќ, туку треба да прекинете со оние работи кои ве прават несреќни.

Животот е несовршен. Тој е убав, но и комплициран, а често и многу хаотичен. Но, тој е ваш, се менувате, растете, се смеете, губите и добивате. Не ни треба да биде поинаку. Работите доаѓаат на свое место, но на нас останува да ги прераспоредиме кога не ни се допаѓаат.

Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Повторно и повторно да се обидете. Не ја губете силата за тоа, никогаш.

Не можете да одите назад, да се враќате, но можете да продолжите напред. Да се ослободите од токсичните пријатели, лошите врски, од озборувањата, нервозите кои ги имате, лошата работа која не ве прави среќни.

Не сте статични, а не е ни вашиот живот. Се менувате, постојано одите во различни правци. Не гледајте позади, не се вртете кон минатото. Фокусирајте се на тоа што ве чека напред.

Завртете ги работите, сменете ги. Потрудете се. Тоа е вашиот живот. Заборавете на правилата од другите, на осудувањето, на тоа дека никогаш нема да успеете. Тоа не е точно.

Чекор по чекор. Почнете со малите нешта. Бидете трпеливи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари