in

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Мирно уживање и фокусирање на важните работи

Овен

Љубов: Меѓу вас и саканата личност секојдневно ќе разменувате идеи, но ќе има голема дистанца. Секој ќе сака нешто свое, а усогласувањето ќе биде преку компромис. Најдете ја златната средина и двајцата ќе бидете мирни, во спротивно ќе се чувствувате осамено. Кариера: На дневен ред доаѓаат интелектуалните борби. Некои ќе бидат емоционални па ќе ги сработите со страв или лутина. Ќе се чувствувате амбивалентно и нема да знаете на што сте. Здравје и совет: Фокусирајте се на важните работи.

Бик

Љубов: Вашата мудра природа ќе стане малку захтевна, а вие на некој начин по мирни, барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракциите, туку ќе успеете да уживате во малите работи. Кариера: Работите стануваат се поинтезивни, а се што правите е претприемачко. Многумина деновиве гледаат посилен стартап или од нив ќе се бара повеќе ангажман на работното место. Барателите на работа исто така треба да бидат многу активни. Здравје и совет: Не го занемарувајте редиовниот сон.

Близнаци

Љубов: Оние кои имаат семејство овие денови потполно ќе му се посветат или еден член на семејството ќе го бара нивното внимание. Оние кои се во нови врски ќе имаат недостаток на атракција. Досадата ќе ви биде мачна, излезете меѓу луѓе. Кариера: Се чини дека притисокот на работа секој ден е се поголем, а ќе следуваат и интелектуални надмудрувања. Најдобро би било да ги следите и почитувате правилата на работа, не влегувајте во расправии. Здравје и совет: Не откажувајте се од вашите цели.

Рак

Љубов: Можеби нема се да оди како што очекувавте, но работите се вртат во ваша корист. Бидете отворени и користете го хуморот. Излезете меѓу луѓе, тие ќе ве прифатат со задоволство. Кариера: Ќе ви се нудат разни опции, но вие нема да можете да влијаете на работите. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого му се нуди нешто без вистински предизвик. Сорботувајте со другите. Читајте меѓу редови. Она што се случува сега, ќе продолжи и понатаму, потребно е трпение. Здравје и совет: Најдете нешто кое ќе ве прави среќни секој ден.

Лав

Љубов: Влегувате во помалку интересна фаза во љубовта, кога можностите ќе се исцрпат, вие се потешко наоѓате заеднички јазик со личностите од спротивниот пол. Смирете се и самоконтролирано одржувајте го солидниот статус кво. Внимавајте како се изразувате. Кариера: Ќе решавате сложени задачи без никакви проблеми и со својата остроумност ќе ги импресионирате луѓето околу вас. Контактите ќе бидат интересни, а вие ќе се истакнете на работното место. Дајте се од себе да успеете, нема да имате препреки. Здравје и совет: Постојано ќе бидете со луѓе, останете некогаш сами.

Девица

Љубов: Ви се чини дека љубовта е многу далеку од вас, но всушност е обратно. Треба подобро да ги отворите очите. Сепак, многумина од девиците ќе се посветат на самите себе или своите љубовни очекувања ќе ги сведат на минимум. Како и да е, излегувањата ќе ви годат, штета е да ги пропуштите. Кариера: Мали нервози поврзани со некои ситници од минатото. Ќе го сработите тоа на оригинален начин. Свртете се кон нови работни идеи кои се креативни. Здравје и совет: Бидете спортски поактивни.

Вага

Љубов: Може да очекувате разни влијанија на својот приватен живот. Од една страна, постои можност за мирно уживање и скла, но од друга, ќе имате надворешни предизвици на кои двајцата ќе мора да реагирате. Подгответе се за двете варијанти. Кариера: Вашите претпоставени можат да ве изненадат со некој нов и необичен предлог. Во првиот момент нема да знаете како да се поставите, но тие самите ќе ви дадат идеја како и што понатаму, само внимателно слушајте ги и следете ја интуицијата. Здравје и совет: Редовен одмор.

Шкорпија

Љубов: При крајот на неделата ќе имате се повеќе прилики за излегување, забава, лудувања и љубов. Без разлика дали сте во врска или сами, добро ќе се забавувате. Кариера: Резултатите од вашиот напор излегуваат на виделина, а другите ќе ве поддржат. Сепак, има доста работи околу кои треба да се договорите, а тука вештините како допломатија, толеранција и снаодливост ќе ви носат повеќе бодови. Здравје и совет: Сами одредете си го ритамот на активности и одмор.

Стрелец

Љубов: Ќе го прифатите она што го имате и живеете. Со таква зрела постапка ќе уживате во ситниците кои живот значат. Овој стил ќе им одговара на оие кои се во долги врски. Самците ќе бидат поскромни во своите љубовни очекувања. Кариера: Без оглед на стресот, вашата уверливост ќе ви овозможни да влијаете врз другите. Покажете што знаете и не застанувајте додека не ја постигнете целта. Здравје и совет: Не заборавајте на редовната релаксација.

Јарец

Љубов: Во овие напорни денови, малку работи можат да ве смират. Ќе бидете доволно цврсти и ладни да им одолеете на искушенијата и наглите реагирања поради кои подоцна би ви било жал. Кариера: Ќе комуницирате со соработниците околу ситни теми, но тоа ќе го сработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостасува вистински предизвик. Здравје и совет: Некои ќе смислат сосем нов план.

Водолија

Љубов: Веројатно ви е доста од љубовните проблеми, па или ќе ги решите или ќе ги свртите на реалната страна. Вистината е дека ќе ви недостасува акција, а животот носи некои решенија кои подоцна се покажуваат како најдобри. Бидете отворени. Кариера: Време е за завршување на ситни работи. Доколку сакате да се впуштите во нешто поатрактивно, ова не се добри денови за тоа. Можете само да планирате, ништо повеќе од тоа. Здравје и совет: Можни главоболки. Опуштете се.

Риби

Љубов: Ќе се чувствувате среќни во своето срце поради работи кои ќе ви бидат драги, ќе се забавувате по ваша мерка, а нема да ви недостигаат и средбите со саканите личности. Пред вас се друштвени и погати денови. Бидете отворени, имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете заадоволни. Кариера: Во ситуациите кога чувствувате поголем притисок од претпоставените, повикајте се на своето знаење и стручност. Така работата ќе ја насочите во конструктивен правец и ќе ги избегнете непотребните расправии. Не лажете се дека ве сакаат, тоа го прават со цел да ве искористат. Здравје и совет: Бидете реалист.

2 Comments

Leave a Reply
  1. Woah! I’m really digging the template/theme of
    this blog. It’s simple, yet effective. A lot of times
    it’s hard to get that “perfect balance” between user friendliness and appearance.

    I must say you have done a amazing job with this.
    Also, the blog loads very fast for me on Opera.

    Excellent Blog!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари