in

Како да ја спасите врската откако ќе ја снема довербата?

Една врска може лесно да се урне кога еден од партнерите ќе го изневери другиот и ќе ја уништи довербата меѓу нив. Сите кои имаат такво искуство знаат дека е многу тешко да се продолжи во ваква врска, но факт е дека и многу може да се научи од ова болно искуство.

Довербата може повторно да се изгради, а со тоа и да се спаси врската. Одвоивме неколку совети на оваа тема:

1. Отворен разговор

Откако партнерот ќе ги признае грешките и ги прифати последиците, тогаш е совршено време за разговор. Кажете му колку сте повредени и колкава болка чувствувате. Немојте разговорот да го претворите во меѓусебни обвинувања, туку нека биде отворен.

2. Простете му на партнерот, но и на себеси

Простувањето е најтешко, но чинот на простување може да биде многу ослободувачки. Не станува збор само да му простите на партнерот, туку да си простите и себе си. Простувањето значи прифаќање на реалноста за да продолжите напред.

Во случај да не сте подготвени да простите, меѓу вас и партнерот со текот на времето ќе се изгради непробоен ѕид кој нема да ви дозволи да продолжите напред.

3. Кажете му на партнерот што сакате од врската

Треба да му кажете дека довербата е уништена и што е потребно за врската да се обнови. Кога ќе ги кажете вашите очекувања, немојте да претерувате. На пример ако довербата е уништена поради неверство, не барајте од него да престане да се дружи со други припадници на спротивниот пол. Тоа само ќе ја продолжи болката.

4. Дајте си време

Ова е најважен факт, да си дадете време и простор. Времето лекува сè, а сè е можно ако си дадете доволно време.

5. Бидете позитивни

За обнова на една врска важен е ставот на двајцата. Ако партнерите се вљубени и подготвени да преминат преку неверство или нешто друго, ништо не може да ги запре. Треба само заедно да работат на обнова на довербата и врската, да го остават минатото зад себе и да си ветат дека нема повеќе вакви грешки да прават.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари