in

Како да го надминете стравот од одбивање?

Дали чувствувате страв и срам кога треба да се запознаете со некого? Треба да заминете на состанок и имате трема? Како да го надминете ова?

Потребно е да направите проценка за тоа со кој може да се запознаете и да разговарате. Без разлика дали присуствувате на нечија забава, дали сте на љубовен состанок, дали сте излезени во некој клуб, или пак станува збор за деловен состанок- правилата се исти.

Доколку забележите личност која стои сама до ѕидот и гледа во мобилниот телефон, веројатно се чувствува исто како вас и ѝ е непријатно што стои сам/а.

Како да постапите во таков случај? Бидејќи вие сте свесни за вашиот проблем, направете го првиот чекор. Приближете се до таа личност и претставете се. Обидете се да не бидете нападни и разговарајте за едноставни работи. Потоа, разговорот ќе продолжи да тече.

Доколку забележите дека некоја личност ве погледнува неколку пати во краток временски период, тоа значи дека сте го привлекле вниманието и сте ѝ интересни.

Покажете ги вашите добри карактерни особини отворено и на пријателски начин. Но, бидете она што сте. Без маски и преправања. Кога некому вистински му се допаѓате, ве сака со вашите маани и недостатоци.

Запомнете, анксиозноста ќе се појави само доколку очекувате да бидете одбиени.

Во случај да бидете одбиени, едноставно и самоуверено продолжете понатаму. Проблемот не е во вас.

Заборавете на стравот. Во економијата важи едно правило: „најмногу ризикува оној кој не ризикува“. Тогаш, што може да изгубите? Ништо. Добивате добар пријател и партнер или не си го губите времето залудно на некој кој не го заслужува тоа.

извор: kajgana.com

2 Comments

Leave a Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари