in

Грицкањето на ноктите е многу штетно за здравјето

Секој пат кога ги гриземе ноктите, ризикуваме да навлечеме вируси и бактерии, што на долг рок го слабее имунитетот, а потоа секој нов напад на патогени микроорганизми станува се повеќе и повеќе ризичен.

На ова предупредува Адам Фридман (Фридман), професор по дерматологија на Универзитетот во „Џорџ Вашингтон“.

– Кога ги ставате ноктите во устата, нема ограничување за бактериите и вирусите и нивниот влез во организмот, што може да резултира со прехлада, но исто така и сериозен желудочен вирус.

Ако премногу гризете, чувствителна кожа под ноктите е изложена на милиони патогени микроорганизми. Нашата уста е полна со бактерии, па затоа може лесно да се заразите – објаснува Фридман.

Една од најчестите форми на инфекција е паронихија, која може да предизвика оток, црвенило, болка и појава на гној.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари