in

ГО ИМА ЕДНА ОД ОСУМ ЖЕНИ: Што по дијагнозата на карцином на дојката

Благодарение на комбинирана терапија, можно е лекување на болеста и продолжување на животот и кај оние пациенти каде што болеста развила метастази

Ова е дијагноза од која стравуваат речиси сите жени. Причина за стравот е статистиката која вели дека карциномот на дојката се дијагностицира кај една од осум жени. Како и за секое малигно заболување, така и за карциномот на дојка од особено значење е раното откривање на болеста.

Пациентките во прв и во втор стадиум на болеста, кога таа е локализирана во дојката и има зафатено помал број регионални лимфни јазли, имаат поголема шанса за излекување, за разлика од пациентките со понапреден стадиум, вели д-р Дева Петрова, онколог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Покрај редовниот скрининг, жените секогаш кога ќе почувствуваат промени поврзани со дојките од типот на црвенило, болка, тврдина во дојката или во пазувите, вовлечена кожа на површината од дојката, вовлечена брадавица, секрет од брадавицата или промена на бојата на кожата на дојката, треба да се јават на лекар.

Ризик-фактори:

– генетската предиспозиција;
– хормонска терапија со естрогени;
– изложеноста на јонизирачко зрачење;
– жени со зголемена телесна тежина и жени што не раѓале;
– пушењето, консумирањето алкохол и намалената физичка активност.

Центар за дојка
Покрај раното откривање на болеста, за нејзино успешно лекување е потребен мултидисциплинарен пристап од поставување на дијагноза, па до одредување соодветна терапија. Во Центарот за дојка во „Аџибадем Систина“ заболените на едно место можат да ги направат сите дијагностички испитувања и да ја добијат соодветната терапија.

Лекување
Ако болеста е откриена во ран стадиум, третманот почнува со хируршка операција, односно со отстранување на заболеното ткиво. Понатамошното лекување може да опфати примена на хемотерапија, хормонска терапија или зрачна терапија, според резултатите од постоперативниот хистопатолошки наод. Ако се работи за поголем тумор или за клинички палпабилни лимфни јазли во пазувите, лекувањето може да почне со хемотерапија, а потоа да се направат оперативниот зафат и зрачната терапија. Режимот на лекување на карцином на дојка, покрај стандардната хемотерапија, опфаќа и вклучување биолошка или целна терапија.

Денес постои можност за користење препарати што се комбинација на хемотерапија и биолошка терапија, со што се зголемува селективното дејство на терапијата врз туморските клетки и се намалуваат несаканите ефекти од терапијата. Може да се комбинираат повеќе биолошки препарати за да се направи блокада на повеќе нивоа на ниво на туморските клетки и за да се подобри ефектот од лекувањето. Благодарение на оваа комбинирана терапија, можно е лекување на болеста и продолжување на животот и кај оние пациенти каде што болеста развила метастази. Најсовремената терапија (онколошка и радиотерапија) за лекување на оваа болест е достапна за пациентите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Текстот е преземен од здравствениот блог на Клиничката болница „Аџибадем Систина“  Daily dose of health 

21 Comments

Leave a Reply
  1. First off I would like to say wonderful blog! I had a quick question that I’d like to ask if you don’t mind.
    I was curious to find out how you center yourself and clear your mind prior
    to writing. I’ve had trouble clearing my mind in getting my thoughts out.
    I do take pleasure in writing but it just seems like the first
    10 to 15 minutes are generally wasted just trying to figure out how to begin. Any recommendations or hints?
    Thanks!

  2. It’s actually a nice and useful piece of info.
    I am glad that you simply shared this helpful info with us.
    Please stay us up to date like this. Thank you for sharing.

  3. Pretty section of content. I just stumbled upon your blog and in accession capital to assert that
    I acquire in fact enjoyed account your blog posts.
    Anyway I will be subscribing to your feeds and even I achievement
    you access consistently fast.

  4. An impressive share! I have just forwarded this onto
    a co-worker who had been conducting a little research on this.
    And he in fact bought me breakfast due to the fact that I found it for him…
    lol. So allow me to reword this…. Thank YOU for the meal!!
    But yeah, thanx for spending the time to talk about this subject here on your website.

  5. Hey! Someone in my Facebook group shared this website with us so I came to look it over.
    I’m definitely loving the information. I’m bookmarking and will be tweeting this to my followers!
    Terrific blog and great style and design.

  6. Thanks , I’ve recently been looking for info about
    this subject for ages and yours is the best I
    have discovered so far. But, what in regards to
    the bottom line? Are you positive concerning the source?

  7. Good day I am so happy I found your site, I really found you by accident, while I was looking on Google for something else,
    Nonetheless I am here now and would just like to say
    thanks for a marvelous post and a all round interesting blog (I also love the theme/design),
    I don’t have time to browse it all at the minute but I have saved it and also included your RSS feeds, so when I have time I will be back to read a lot more,
    Please do keep up the fantastic b.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Loading…

0

Коментари