Доживејте го нападот на Хирошима: Виртуелната презентација на јапонските студенти има хумана цел

Група јапонски студенти две години правела петминутна виртуелна презентација на нападот во Хирошима.

Според нивните зборови оваа презентација во виртуелнат реалност е доволна секој да го сфати ужасот со кој се соочиле жителите на овој град пред 73 години.

Нивната цел е таквиот напад повеќе да не се повтори.

„Дури и без објаснувања секој кој ќе ја погледне презентацијата ќе го види ужасот на овој чин“, вели една од студентките кои учествувале во воој проект, Меи Окада.

Тие кои ќе се одлучат да го проживеат нападот прво шетаат на авенијата покрај реката Мотојасу и ги гледаат сите згради кои пред ударот постоеле. Можат да ја видат поштата, банкат аили болницата во чиј двој стои познатата купола – споменик на ужасниот напад кој го погоди ова градче.

За да ја направат презентацијата студентите користеле стари фотографии и разгледници, а разговарале и со преживеаните.

Остави коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here