in

Дневен хороскоп (8 март 2019)

Дневен хороскоп за петок, 8-ми март 2019-та година.

ОВЕН

Работа: Не се препорачува почнување на нова работа, затоа што денешниот ден не ви е поволен.

Љубов: Дајте си време со партнерот да донесете важни одлуки. Ќе имате проблеми ако форсирате.

Здравје: Болки во грлото.

БИК

Работа: Ве очекуваат важни промени на кои ќе мора брзо да се прилагодите. На крај се ќе биде позитивно решено за вас.

Љубов: Можно е малку да сте се разочарале од партнерот затоа што не ги исполнил вашите очекувања.

Здравје: Ќе ви годи диета.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Немате големи проблеми на работа, и се тече според планираното. Денот генерално ви е поволен.

Љубов: Пред вас се љубовни промени кои ќе ви годат. Можна врска со нова особа.

Здравје: Чувствителни сте денеска.

РАК

Работа: Не ви е тешко да се изборите со проблемите на работа. Можно е многу соработници да не помагаат, туку да одмагаат.

Љубов: Не сте отворени за покажување на емоции, нешто за кое партнерот може да ви замери.

Здравје: Проблеми со несоница.

ЛАВ

Работа: Можно е во минатиот период да сте имале загуба или разочарување од кое и натаму се опоравувате.

Љубов: Полето флерт ви е добро денеска. Доколку постои личност која ви се допаѓа, покажете и го тоа.

Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува прилика да покажете дека работата ви е на прво место. Ќе имате голема доверба кон надредените.

Љубов: Ако имате партнер, пред вас е поволен ден за нежности. Љубовта цвета.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

ВАГА

Работа: Доколку се занимавате со работи во врска со комуникација, можно е да постигнете значаен успех.

Љубов: Очекувајте интересна љубовна средба со личност која ја познавате веќе некое време.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.

ШКОРПИЈА

Работа: Полето приватна работа ви е добро поставено. Очекувајте дека ќе успеете да ги остварите своите амбиции.

Љубов: Пред вас е одличен ден за ново познанство и за почеток на нова врска.

Здравје: Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Очекувајте разрешување на проблемите. Некои конечни одлуки би можеле да бидат донесени во овој период.

Љубов: Ве очекува интересно познанство со личност која отворено ќе го покаже својот интерес.

Здравје: Солидно.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да имате шанса да напредувате во следниот период. Среќата е на ваша страна.

Љубов: Ве очекува шанса за ново познанство со личност која би можела да ви значи на долги патеки.

Здравје: Чувствителна бешика.

ВОДОЛИЈА

Работа: Се потпирате на своите сорабитници и верувате дека тие ќе ви помогнат околу насобраната работа.

Љубов: Саканата личност не се однесува добро кон вас и имате впечарок дека дошло до сериозно заладување на односите.

Здравје: Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа: Имате некои важни работи пред вас. Потрудете се да бидете максимално концентрирани.

Љубов: Очекувајте добар однос со партнерот. Доколку сте во брак, може да размислувате за деца.

Здравје: Пад на имунитетот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Loading…

0

Коментари